Брачна двојка ги присилувала на питачење и проституирање трите деца
Две години родители од Кичево на сила ги носеле на улица своите три малолетни деца да се проституираат и питачат.
Според извештајот на институциите децата биле психички и физички малтретирани, а освен во Кичево децата морале да заработат пари и во други градови.
Двајцата родители добиле кривична пријава, а децата се згрижен со старател доделен од Центарот за социјални работи од Кичево. Информација за жал што често се слуша, но зошто се чека долго време за да дојде големи последици за децата.
Според Змијанац за да се затвори овој круг мора децата да одат во градинка да посетуваат училиште, а родителите да имаат вработување.
Во последниот месец многу често во полициските извештаи се пишува за претепани деца од страна на родители. Минатата недела татко ги претепа своите деца и својата сопруга и завршија на ургентен. Таткото доби мерка притвор.